• недела, 22 декември 2024

Владев: За три години реализиравме многу проекти со кои ги подобривме условите за живот во Свети Николе

Владев: За три години реализиравме многу проекти со кои ги подобривме условите за живот во Свети Николе

7 декември 2024 

интегрален текст од прес-конференција: 

Почитувани сограѓани, почитувани светиниколчани,

Голем е предизвикот, а уште поголема е одговорноста со која се соочувам како градоначалник на општина Свети Николе.

Сепак, воден од императивот да се биде заштитник на интересите на секој граѓанин на општината заедно со моите соработници застанав исправен пред ваквиот предизвик.

Мотивиран од огромната искрена желба за напредокот на нашата општина во претходниот период од три години реализиравме многу проекти со кои верувам дека ги подобривме условите за живот на граѓаните како во градот така и во селата.

Изградивме многу патишта и многу канализации и реализиравме доста инфраструктурни објекти.

Ја изградивме атмосферската канализација на ул. „9 Мај“, потоа ја изградивме и фекалната канализација на улиците „Живко Џинго“, „Јуриј Гагарин“, „Миле Поп Јорданов“, „Ѓорче Петров“, „Пере Тошев“ и „Никола Јанков Вапцаров“. Извршивме целосна реконструкција на ул „Јанко Глигоров“ и „Гоце Делчев“.

Имавме и бројни капитални објекти и за тековната 2024 година. Општина Свети Николе со средства од кредитот ги изгради улиците: „Рајко Жинзифов“ крак на ул „Јуриј Гагарин“, „Миле Поп Јорданов“, „Војдан Чернодрински“, „Кире Глигоров“, населба Лозов Расадник, и санација на постоечките шахти и потоа на крајот извршена е реконструкција на улица Пиринска.

Ја реконструиравме улицата во село Горобинци и во село Ерџелија заедно со договор со државна видео лотарија на Македонија извршивме комплетна реконструкција и доизградба на модерен мултифункционален терен за ракомет, фудбал и кошарка.

Продолживме со реконструкција на локалниот пат Ѓуземелци, општина Лозово кон село Кнежје општина Свети Николе преку центарот за развој на Вардарско плански регион.

Ја привршуваме изградбата на фекалната канализација во село Мустафино.

Извршивме изградба на фекална канализација во село Пеширово, изградивме со помош на Американската амбасада комплетно нова противпожарна станица која што е пример како треба да изгледа една модерна противпожарна станица.

Набавивме две нови противпожарни возила како и веќе набавивме ново теренско возило се во интерес на граѓаните на општина Свети Николе. Извршено е изградба на нови детски игралишта во градскиот парк, а исто така извршивме и изградба на нова балон сала во село Ерџелија во склоп на училиштето „Даме Груев“ од истото село.

Воведена е нова водоводна мрежа во село Орел со кој ги решивме децениските проблеми со кои се соочуваа граѓаните на ова село.

Изградивме и нов мост на реката Мавровица.

Извршивме санација на трибините на градскиот парк.

Продолживме со реконструкција на улица во село Амзабегово, реконструкција на пешачката патека од спортската сала до улица „Крсте Мисирков“, потоа извршивме комплетна реконструкција на улиците „Октомвриски“ и „Кочо Рацин“, а продолживме и со изградба на улицата „Панко Брашнаров“, како и изградба на нов амфитеатар во рамките на новиот парк во Свети Николе кој нов парк го збогативме со изградба на памтрак и справи за развивање на моторички вештини како и комплетно ново детско катче.

Извршивме санација комплетна на речното корито на Горобинска река која се наоѓа во самиот центар покрај градскиот парк. Извршивме и изградба на две нови улици во село Црнилиште. Го реконструиравме комплетно училиштето во село Горобинци. Изградивме сосема нова населба, ја реконструиравме со изградба на нови патишта на улиците „Михајло Апостолски“, „Гаврлио Гаврилски“ како и улицата „3“ и „4“. Извршивме реконструкција на улиците „Орце Николов“, „Васка Циклева“, „Питу Гули“, цела населба Поглед, „Вера Циривири“, „Борис Трајковски“, „Карпошева“, „Македонска“, дел од „Маршал Тито“, „29 ноември“, „Кумановска“ и плоштад Илинден. Ја изградивме новата улица во село Ерџелија, улица број „6“, извршивме изградба на нов мост и асфалтирање на потегот во индустриската зона која конечно го доби овој лик кој го заслужува една модерна општина.

Направивме изградба на ограда околу детската градинка во село Ерџелија, а во моментот се врши партерно уредување на истата. Изградивме ново детско игралиште во населба Бел Камен, потоа во моментот се извршува изградба на краци на улици во индустриската зона.

Извршивме реконструкција на училиштето „Св. Кирил и Методиј’’, изградбата на балон салата во склопот на СОУ „Кочо Рацин“ е во самиот крај, како и тампонирање на улици во цело Мустафино. Во моментот се врши нова бушотина во село Пеширово. Но, не застануваме само тука

Почитувани, сограѓани, со помош на средствата од страна на Владата на Република Македонија, во моментот се привршува тендерската документација за реконструкција на улицата „Кумановска’’ и „Кикевачка’’. Реконструкција на дел од улицата „Септемвриска“, „Глигор Прличев“, „Македонска’’, „Борис Трајковски“, улицата „Улоф Палме“, „Сопотска“, „Живко Чинго“ крак 1, изградба на улица во село Горобинци, во село Црнилиште, изградба на пешачка патека, а продолжуваме во наредниот период со средства од општината за изградба и реконструкција на краци на улица „Септемвриска’’, „Ангел Трајчев’’, „29 ноември’’, „Вардарска’’, „Трајан Циклев“, краци на улица „4 јули’’, „Скопска’’, „Ванчо Ангелов“, реконструкција на пешачките патеки во новиот градски парк, како и други улици во Свети Николе, како и санација на улицата која води кон основното училиште во село Амзабегово и така натаму.

Не застануваме тука, во наредната 2025 година, со помош на средства обезбедени од страна на Општина Свети Николе, како и од средствата што ги најавува Владата на Република Македонија во 2025 година, продолжуваме уште похрабро и посилно се во интерес на граѓаните на општина Свети Николе. Верувам дека со мојата работа не ги разочарав граѓаните на општина Свети Николе. Да сте ми живи и здрави и се гледаме уште посилно во наредната година.

Дејан Владев, градоначалник на Општина Свети Николе

Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ 

фото:ВМРО-ДПМНЕ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан