• недела, 17 ноември 2024

Влада: Усвоена Информацијата за првата фаза - водоснабдување од проектот ЈПХС „Злетовица“ за Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово

Влада: Усвоена Информацијата за првата фаза - водоснабдување од проектот ЈПХС „Злетовица“ за Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово
Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за реализација на прва фаза - водоснабдување од проектот ЈПХС „Злетовица“ за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово и добивање одобрение за почнување постапки за повеќегодишни јавни набавки за реализација на активностите за општините Свети Николе и Лозово. Како што информира владината прес-служба, реализацијата на активностите од прва фаза - водоснабдување од проектот ХС „Злетовица“ за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово е со цел да се обезбеди чиста вода за пиење и целосно подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на овие општини. -Во исто време, проектот ќе обезбеди одржлив систем за долгорочно профитабилно функционирање на ЈП ХС „Злетовица“ - Пробиштип, наведува Владата. мч/лв/

Остани поврзан