• понеделник, 25 ноември 2024

Влада: Средбата со претставници на НУК не е откажана

Влада: Средбата со претставници на НУК не е откажана
Скопје, 28 јануари 2021 (МИА) - Од Владата на Република Северна Македонија демантираат дека бараната средба на Независната угостителска комора (НУК) со владини претставници е откажана. - На барањето на Независната угостителска комора за средба со владини претставници беше одговорено потврдно и закажана е утре, петок 29.01.2021 година во 14:30 часот во Свечена сала на Владата на Република Северна Македонија. Утрово го известивме претседателот на НУК, Здравко Јосифовски дека поради неодложни приватни обврски вицепремиерот Битиќи нема да може да присуствува на средбата, но дека истата ќе се одржи со министерот за економија, Крешник Бектеши и претставник од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, информираат од владината прес-служба. Оттаму посочуваат дека во кабинетот на вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши се уште не е пристигнато никакво известување дека средбата се откажува, ниту дека претставниците на НУК не сакаат да се сретнат со претставници на Владата.фф/са/

Остани поврзан