• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Влада: Со линеарното зголемување од 5.000 денари најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, просечната 26.258 денари

Влада: Со линеарното зголемување од 5.000 денари најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, просечната 26.258 денари

Влада: Со линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари најниската во март изнесува 18.192 денари, просечната 26.258 денари

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Исполнето е ветувањето за зголемување на пензиите од 5.000 денари на над 330.000 пензионери. Со исплата на мартовската пензија за 2.500 денари, се заокружи циклусот за линеарно покачување на пензионерите за 5.000 денари, велат од Владата.

Со сегашното зголемување, како што појаснуваат, најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26.258 денари.

-Пензионерите заслужуваат сигурен и достоинствен живот. Дополнително дека работиме во интерес на граѓаните покажува и фактот што како Влада имаме став дека нема да ја зголемиме старосната граница за пензионирање која сега е 62 години за жени и 64 години за мажи и најмалку 15 години стаж. Грижата за пензионерите е наша обврска и цел, се вели во денешното владино соопштение.

Како Влада, додаваат, продолжуваме целосно посветено и одговорно да работиме за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани. сст/са/

Фото МИА архива
 

 

Остани поврзан