• понеделник, 23 декември 2024

Влада: Просечната нето-плата во август се зголеми за 11,3 проценти

Влада: Просечната нето-плата во август се зголеми за 11,3 проценти
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - Мерките на Владата даваат позитивни резултати за зголемување на просечната месечна-нето плата, оценуваат од Владата, откако денеска Државниот завод за статистика, објави дека нето-платата по вработен во август годинава, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година. -Постојаното зголемување на просечната нето-плата,  е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата која изнесува 18.000 денари, соопшти владината прес-служба. И во следниот период, стои во соопштението, Владата продолжува со креирање мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и раст на приходите на сите граѓани, со цел да се унапреди животниот стандард на граѓаните особено во услови на криза. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 11,3  проценти во август годинава, се должи пред сѐ на растот на платите во секторите: Преработувачка индустрија (16,2 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 процент) и Уметност, забава и рекреација (15,6 проценти).лв/бак/

Остани поврзан