• петок, 22 ноември 2024

Влада: Прв пат по седум години обезбедена навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта

Влада: Прв пат по седум години обезбедена навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Владата утрово соопшти дека прв пат по седум години е обезбедена навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта.

Според Владата, обезбедени се 10-тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование, кои досега не биле отпечатени. 

-Суштинска определба на Владата е образованието да биде достапно за секого. Една од заложбите беше по повеќе години да се обезбеди навремено печатење и дистрибуција на бесплатни учебници за сите основци. Оваа година се става крај на учењето од скрипти и други помагала. Прв пат по седум години учебната година почнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата. За сите ученици Министерството за образование и наука испорача 360 илјади примероци од одобрените учебници и наставни материјали. За само два месеци се постигна тоа што не беше направено седум години, наведува Владата.

Дополнува и дека во основното образование ќе недостигаат петта година по ред учебници за странски јазици од прво до деветто одделение зашто претходното раководство во Министерството за образование и наука ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза која сé уште трае.

-Учебниците за секого е доказ дека на овој начин државата и Владата создава за секој еден поединец, истакнува Владата. мч/са/

фото: МИА архива

Остани поврзан