• петок, 22 ноември 2024

Влада: Првите 100 дена се заокружуваат со покачување на пензиите на над 330.000 пензионери за 2500 денари

Влада: Првите 100 дена се заокружуваат со покачување на пензиите на над 330.000 пензионери за 2500 денари

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) -  Уште едно ветување на Владата станува реалност. Од денеска започна исплатата на септемвриската пензија со покачување од 2500 денари. Иако ветувањето беше дека во првата година од мандатот ќе се покачат пензиите, Владата во првите 100 дена го реализира ова ветување, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Од Владата посочуваат дека над 330.000 пензионери од денеска го земаат покачувањето од 2500 денари, а од март следната година следува уште едно покачување за 2500 денари, со што пензионерите конечно го добиваат она кое што го заслужуваат, достоинствени пензии и поквалитетен животен стандард.

-Линеарното покачување на пензиите за вкупно 5000 денари е уште едно ветување реализирано од страна на Владата и премиерот Христијан Мицкоски. За Владата недозволиво е пензионерите наместо да уживаат во своите пензионерски денови, да протестираат и да молат за повисоки пензии. Владата останува 100 отсто посветено да работи за пензионерите и за сите граѓани, се посочува во соопштението. дма/са/

Фото:МИА архива

 

 

Остани поврзан