• петок, 22 ноември 2024

Владата ќе ги награди сите пожарникари што го гаснеа пожарот во Кочани

Владата ќе ги награди сите пожарникари што го гаснеа пожарот во Кочани
Скопје, 4 август 2021 (МИА) - Владата на денешната седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот што го зафати Кочани и околината, напиша вечерва на својот Фејсбук профил вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал,  одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
-Наградата од 10.000 денари е во знак на благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожртвуваност во мисијата да се спасат животи и да се зачуваат природните ресурси на татковината. Нивната пожртвуваност и професионалност нема да останат заборавени, наведе Николовски.
Вицепремиерот Николовски уште еднаш изрази благодарност кон сите професионалци, волонтери, граѓани и институции кои, како што напиша, несебично учествуваа во безмилосната борба со огнот.
Порача дека мораме да останеме тука едни за други секогаш кога е потребно. мд/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан