• недела, 22 декември 2024

Владата со дополнувања на Уредбата за ограничувањата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор

Владата со дополнувања на Уредбата за ограничувањата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор
Скопје, 24 април 2020 (МИА) - Правото на додаток за работен стаж, додаток за ноќна работа, надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест или повреда, надоместок на плата поради користење на годишен одмор, надоместок на плата за ден на државен празник и неработен ден утврден со закон, одвоен живот од семејството (освен за пратениците), надоместок на трошок за смрт на работникот или член на неговото семејство, отпремнина при заминување во пензија, го остваруваат и се исплаќа и за време на траењето на вонредната состојба за месец април и мај вработените од јавниот сектор, на кои им се исплатува плата согласно закон и колективен договор.
Ова е одлука која произлезе од денешната владина седница, на која беа донесени дополнувања на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.
Ограничувањата важат за месеците април и мај.
Во членот 3 од оваа уредба, за категориите кои се изземаат од оваа уредба, се додаваат и високообразовните установи и јавните научни установи, инспекторите вработени во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за лекови и медицински средства и Агенцијата за храна и ветеринарство. ац/

Остани поврзан