• понеделник, 23 декември 2024

Владата разгледа информација за концесиите за „Иловица“, детали утре треба да соопшти Бектеши

Владата разгледа информација за концесиите за „Иловица“, детали утре треба да соопшти Бектеши

Скопје, 25 јули 2023 (МИА) - Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата со хронологија за постапките за доделување на концесиите за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерална суровина - бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово и општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, со прилози, поднесена од Министерството за економија.

-Информацијата, којашто беше и образложена на седницата, е согласно Извадокот од Нацрт записникот од 171-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 18 јули 2023 година, во врска со управните и судски постапки, заклучоци и информации, поврзани со експлоатацијата на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот „Иловица“ општина Босилово, соопшти вечерва владината прес-служба.

Оттаму најавуваат дека повеќе информации во врска со оваа точка на дневниот ред на владината седница, од интерес на јавноста ќе бидат соопштени на најавената прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши. 

Прес-конференцијата на Бектеши, што требаше да се одржи денеска во 14.00 часот, е закажана за утре во 11 часот. 

Бектеши пред Владата реферираше за постапките за концесиите, по реакците од жителите и граѓанските организации од струмичкиот регион, кои се против отворање на рудникот и бараат повлекување на одлуката за спојување на концесиите. Против отворање на рудникот се изјаснија и дел од министрите од СДСМ, а вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека ќе се почитува одлуката на граѓаните доколку се изјаснат против отворањето на вакви капацитети во овој регион. лв/вг/

фото:Влада

Остани поврзан