• петок, 22 ноември 2024

Владата на ФБиХ одби да воведе порестриктивни мерки

Владата на ФБиХ одби да воведе порестриктивни мерки
Сараево, 18 март 2021 (МИА) - Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина го одби предлогот на Кризниот штаб на Министерството за здравство за воведување на порестриктивни мерки и донесе одлука за продолжување на важечките за уште 14 дена. Одбиено е и намалувањето на работното време во трговските центри. Меѓу предлозите беше и продолжувањето на полицискиот час, односно тој наместо во 23:00 часот да почне неколку часа порано со цел дополнително ограничување на движењето на населението. Владата на ФБиХ, наводно, ги регистрираала информациите на Кризниот штаб, но ги отфрлила и одлучила да ги продолжи сегашните мерки за уште 14 дена. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан