• сабота, 29 јуни 2024

Владата задоцни со мерките за помош на стопанството, ни треба стратегија, порача Мицкоски

Владата задоцни со мерките за помош на стопанството, ни треба стратегија, порача Мицкоски
Скопје, 14 мај 2020 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на  „Топ тема“ на Телма телевизија рече дека Владата задоцнила со мерките за стопанството, дека е доцна за тие мерки и оти сега ни е потребна стратегија. - Задоцнивме многу со сетот на мерки, сега нам веќе мерки не ни требаат, сега нам ни треба стратегија, затоа што мерките требаше да се донесат до сега, за да можеме да застанеме на нозе кога сето ова ќе помине, за да може да поделите плата вие треба да имате приход, ако приходите се намалени, прашање е како ќе поделите плата, такви се илјадници, истакна Мицкоски. Според него, ќе имаме проблем со тоа „како да се подели личен доход“, бидејќи се катастрофални параметрите во економијата. - Времето на мерки требаше да се искористи досега. Сега од јуни месец нам ни треба стратегија како да излеземе од целата оваа ситуација, јас тоа не го гледам, од оние информации коишто ги добивам повторно јавноста ќе очекува сет намери кои ќе имаат за цел обид за брутален поткуп на гласачите кои ќе треба да заборават на сите оние фаули коишто ги правеше Зоран Заев целиов изминат период, рече Мицкоски. дма/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан