• понеделник, 23 декември 2024

Владата го утврди текстот на Дополнетиот предлог буџет 2024 година (ДПЛ)

Владата го утврди текстот на Дополнетиот предлог буџет 2024 година (ДПЛ)

Скопје, 18 декември 2023 (МИА) - Владата на денешната седница утврди текст на Дополнетиот предлог буџет на Република Северна Македонија за 2024 година.

Како што соопшти владината прес-служба, Дополнетиот Предлог Буџет, предложен од Министерството за финансии, претставува нов интегрален текст, во којшто Владата, на предлог на Министерството за финансии, ги вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во Собранието, а се направени се и потребни измени и дополнувања на првично утврдениот Предлог буџет.

Клучните елементи на Дополнетиот предлог буџет за 2024 година, велат од Владата, се редизајнирање на буџетската политика и фискална консолидација.

Во тек на амандманската расправа прифатени се три амандмани од вкупно поднесените 272, еден  на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и два на владејачката СДСМ.

Утврдениот Дополнет предлог буџет на Република Северна Македонија за 2024 година, Владата го испраќа на усвојување во Собранието и според најавите почетокот на расправата е закажан за 22 месецов.

Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Вкупните приходи во 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари и истите се за 10 отсто повисоки во однос на 2023 година, додека расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за околу 5,8 проценти повисоки во однос на 2023 година.  Вкупните расходи се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или се за 5,8 отсто повисоки во однос на 2023 година. За плати проектирани се 41,2 милијарди денари, за стоки и услуги планирани е износ од 25,3 милијарди денари, за тековни трансфери и субвенции 215,3 милијарди денари. За социјални трансфери проектирани се 161,1 милијарди денари, од кои за исплата на пензии 83,6 милијарди денари, за надоместоци за социјална заштита на најранливите слоеви на населението околу 13,2 милијарди денари. Растот на економијата е проектиран на ниво од 3,4 отсто, а инфлацијата на ниво до 3,6 отсто. дма/лв/

Остани поврзан