• понеделник, 23 декември 2024

Владата воведе нови мерки за спречување на ширењето на Ковид-19

Владата воведе нови мерки за спречување на ширењето на Ковид-19
Скопје, 7 август 2021 (МИА) - Владата на вечерашната 97-ма седница, одржана преку видеоконференциска врска, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од коронавирусот донесе одлука за зајакнати контроли на постоечките анти-КОВИД мерки, како и целосна забрана на секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено од 16 август и задолжителна потврда за вакцина, најмалку со прва доза, при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено од 15 август. Како што соопшти владината прес-служба, со одлуката до 15 август сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40 отсто од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила. - За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50 отсто од капацитетот на просторот и ограничен број посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи, се наведува во соопштението. Покрај ова, од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти и кафетерии, вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип. - Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација со најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани). Приложувањето и поседувањето на потврда за извршена имунизација - најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст, се додава во соопштението. Со владината одлука се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на КОВИД-19. сп/

Остани поврзан