• петок, 22 ноември 2024

Владата бара Надзорниот одбор да го разреши Макрадули од директорската функција на АД „Пошта“

Владата бара Надзорниот одбор да го разреши Макрадули од директорската функција на АД „Пошта“
Скопје, 19 април 2022 (МИА) - Владата на денешната седница побарала од Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта“. -На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. дма/

Остани поврзан