• вторник, 02 јули 2024

Владата на Кувајт поднесе оставка

Владата на Кувајт поднесе оставка
Кувајт, 8 ноември 2021 (МИА) - Кувајтската Влада денеска поднесе оставка, втора оваа година. Кувајтската државна новинска агенција КУНА објави дека шеикот Наваф ал Ахмад ал Сабах ја примил оставката од Владата, но не наведе дали истата ќе биде прифатена. Претходно, кувајтската Влада поднесе оставка во јануари, во екот на најголемата економска криза во земјата. Несогласувањата помеѓу Парламентот и Владата ја продлабочуваат политичката криза во Кувајт, а економската криза е дополнително влошена поради Ковид-19. ми/

Остани поврзан