• петок, 22 ноември 2024

Вкупно 211 непрописно паркирани возила во општина Центар

Вкупно 211 непрописно паркирани возила во општина Центар
Скопје, 18 jули 2022 (МИА) - Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 211 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 11 јули до 17 јули 2022 година со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 114 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 97 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани. - За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението од Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар. мд/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан