• петок, 22 ноември 2024

Вкупно 105 возачи казнети за брзо возење на автопатот Куманово - Скопје – Велес

Вкупно 105 возачи казнети за брзо возење на автопатот Куманово - Скопје – Велес
Скопје, 8 мај 2022 (МИА) - Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 105 возачи. Од нив, 17 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а двајца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.вј/  

Остани поврзан