• петок, 08 ноември 2024

Вијести: Црна Гора враќа уште шест амбасадори

Вијести: Црна Гора враќа уште шест амбасадори
Подгорица, 26 мај 2021 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Црна Гора донесе одлука за повлекување на уште шест амбасадори, вклучително и амбасадорката во ОН, Милица Пејановиќ Ѓуришиќ и амбасадорот во Советот на Европа, Зоран Јанковиќ, објавија подгоричкиот весник Вијести. Весникот наведе дека дека на списокот се и амбасадорите во Хрватска, Боро Вучиниќ, во Аргентина, Срѓан Станковиќ, во Велика Британија, Владимир Бератовиќ и амбасадорот во Словенија, Вујица Лазовиќ. Вијести наведува дека одлуката не е официјално објавена и претседателот Мило Ѓукановиќ може да ја оспори, како и што направи и претходно. ми/

Остани поврзан