Вицепремиерот Сали на средба со германската амбасадорка Дрекслер
- Одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, со посебен акцент на успешната соработка во областа на инвестициите и економскиот развој, се дел од темите што биле разгледани на денешната средба на заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, со германската амбасадорка, Петра Дрекслер.
Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, со посебен акцент на успешната соработка во областа на инвестициите и економскиот развој, се дел од темите што биле разгледани на денешната средба на заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, со германската амбасадорка, Петра Дрекслер.
Како што информираат од Министерството за европски прашања, Сали ја нагласил значајната улога на Германија како еден од најважните економски партнери истакнувајќи го придонесот на германските инвестиции во економскиот раст и создавањето нови работни места.

Особено внимание било посветено на процесот на евроинтеграциите, при што министерот Сали изразил благодарност за континуираната и силна поддршка на Германија за европските аспирации на Северна Македонија и ја реафирмира институционална посветеност за спроведување на реформите и усогласување со европските стандарди.
Амбасадорката Дрекслер ја потврдила поддршката на Германија за европскиот пат на земјата и изразила подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во области од заеднички интерес. фф/дма/
Фото: Кабинет на министерот за европски прашања