• недела, 22 декември 2024

Вицепремиерот на Малта, Крис Ферн поднесе оставка поради корупциски скандал

Вицепремиерот на Малта, Крис Ферн поднесе оставка поради корупциски скандал

Ла Валета, 10 мај 2024 (МИА) - Вицепремиерот на Малта, Крис Ферн денеска поднесе оставка, откако против него беше покренато обвинение поради корупциски скандал поврзан со доделувањето владина концесија за управување со три државни болници на досега непозната здравствена групација во 2015 година.

Ферн му рекол на малтешкиот премиер Роберт Абела дека поднесува оставка во национален интерес без да биде одговорен за скандалот, а премиерот побарал од него да ја преиспита својата одлука, пренесуваат британските медиуми.

Ферн побара од Абела да се откаже од плановите да го номинира за член од Малта на следното свикување на Европската комисија (ЕК). мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан