• понеделник, 23 декември 2024

Вицепремиерката Грковска се сретна со претставници на Трезорот на САД

Вицепремиерката Грковска се сретна со претставници на Трезорот на САД
Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска оствари средба со делегација на Трезорот на САД, предводена од Шила Бекет, вршител на должност вонреден директор и виш советник за буџет и финансиска отчетност во оваа американска институција. Како што информира владината прес-служба, Грковска упати благодарност за континуираната и цврста поддршка од страна на САД за остварување на евроатланските цели на нашата држава. Вицепремиерката Грковска информираше за активностите на нејзиниот Кабинет, во делот на зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите, јакнење на принципите за добро владеење, обуките за интегритет за избраните и именувани функционери и проектите кои се реализираат во делот на дигиталната трансформација на општеството, со поддршка на Амбасадата на САД и Естонскиот центар за меѓународна соработка. На средбата, како што се наведува во соопштението, стана збор и за продлабочување на соработката и нови проекти со Трезорот на САД, кои би биле насочени кон зајакнување на капацитетите во однос на интегритетот кај даночните и царинските службеници, како и во делот на антикорупциските политики. На состанокот вицепремиерката нагласи дека е многу важно да се изготват решенија кои ќе бидат долгорочни и одржливи и ќе обезбедат стандардизирани процеси во иднина.- На состанокот беше потврдена определбата за продлабочување на меѓусебната соработка преку конкретни проекти кои ќе овозможат јакнење на демократските принципи и стандарди, во интерес на одговорно и отчетно владеење, стои во соопштението. мд/сп/

Остани поврзан