• недела, 22 декември 2024

Високи функционери на ДУИ се сретнаа со жители на скопско Ченто

Високи функционери на ДУИ се сретнаа со жители на скопско Ченто

Скопје, 9 февруари 2023 

Жителите на населбата Хасанбег денеска ги пречекаа високите партиски функционери на ДУИ, на средба организирана од огранокот на ДУИ и партиската структура, на која беа информирани за сериозната состојба во Демократската унија за интеграција и неуспесите на делот на извршната власт на ДУИ на чело со Артан Груби.

Муса Џафери, Изет Меџити, Блерим Беџети и Висар Ганиу ги информираа жителите на Хасанбег како почнала идејата за јавно изразување на незадоволството од извршната власт.

Организацискиот секретар Блерим Беџети рече дека тие не дошле овде да бараат позиции, дека народот им ги дал со гласање, туку да ги критикува катастрофалните резултати на Артан Груб и неговите министри, кои во отсуство на партиски органи речиси три години правеа што сакаа. Вклучуваме аларм за слабата извршна власт и целиме да го отвориме патот за нивна замена со млади кадри, рече Беџети.

Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери, рече дека Артан Груби им нанел штета и на Хасанбег и на Арачиново, почнувајќи од локалните избори во 2020 година, кога предложивме младо момче Албанец за градоначалник, дојде Артан Груби и рече добро што најдовте кандидат, но немојте многу да го форцирате, бидејќи и да победи нашиот партнер СДСМ, не е лошо.

Градоначалникот на општина Чаир и член на претседателството на ДУИ Висар Ганиу рече дека тие како градоначалници постојано давале отчет за сработеното, тоа го правеле и министрите постојано, со исклучок на 2020 година наваму, кога Артан Груби го прекрши секое правило и традиција што ги имавме во партијата. Ганиу рече дека Груби и сега,  откако излеговме на терен, ги собира функционерите и зборува за иднината, како да сме на избори, а не зборува за минатите скоро три години на власт, бидејќи ништо не направил.

Потпретседателот на ДУИ и пратеник, Изет Меџити пред жителите на Хасанбег го коментираше влегувањето на Алијансата за Албанците во владата, која ја нарече, за спас на пропаднатата кариера на Артан Груби. Меџити рече дека се на терен да се соочат со реалноста дека 6 месеци или 1 година ќе се соочат со гласачите.

Меџити рече дека проблемите во ДУИ почнале во 2020 година кога по успешни избори, без легитимитет од гласачот и без легитимитет од партиските органи, Артан Груби станал вицепремиер.

„Али Ахмети вели дека не го менува во време на криза, но Велика Британија смени тројца премиери среде војната во Украина и не се случи ништо лошо, нема да се случи и кај нас ако смениме еден вицепремиер“, рече Меџити.

Високи функционери на ДУИ  најавија дека средбите со граѓаните ќе продолжат.

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Остани поврзан