• петок, 05 декември 2025

Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата

Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата

Скопје, 1 септември 2025 (МИА) - Висока делегација на Вооружените сили на Романија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Ѓеоргита Влад, од утре ќе престојува во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија. 

Делегацијата од Романија ќе биде пречекана со високи воени почести во Генералштабот на Армијата, по што ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сaшко Лафчиски.

Главни теми на средбата, како што информираат од Армијата ќе бидат: процесот на трансформација на Армијата, учество на Армијата во меѓународни мисии, капацитетите за обука и вежби на армискиот полигон „Криволак“, можноста за билатерална соработка од областа на силите за специјални операции, заемна поддршка при исполнување на НАТО целите на способности и подобрување на интероперабилноста, како и други теми за унапредување на билатералната воена соработка помеѓу двете армии. 

За време на посетата генералот Влад, као што е најавено, ќе оствари средба и со министерот за одбрана, Владо Мисајловски. аа/ев/

Фото: МИА архива

            

 

Остани поврзан