Вирц го избра дресот со број 7 во Ливерпул
- Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Флоријан Вирц, ќе го носи дресот со број 7 во сезоната 2025/26.
Ливерпул, 2 август 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Флоријан Вирц, ќе го носи дресот со број 7 во сезоната 2025/26.
Претходно овој број го носеа Луис Дијаз, Џејмс Милнер, Луис Суарез, Роби Кин, Хари Кјуел, Владимир Смисер и Стив Мекманаман.
Дефанзивците Милош Керкез и Џереми Фримпонг ги избраа дресот со број 6 и број 30. Напаѓачот Југо Екитикеј ќе го носи бројот 22, додека голманот Гиорги Мамардашвили ќе го носи бројот 25. зс/
Фото: ЕПА