• понеделник, 23 декември 2024

Виртуелна средба на македонски и ерменски пратенички

Виртуелна средба на македонски и ерменски пратенички

Скопје, 1 февруари 2024 (МИА) - Во организација на Националниот демократски институт денеска се одржа виртуелна средба меѓу пратенички од Ерменија и пратенички од Собранието на Република Северна Македонија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, целта на средбата беше размена на искуства помеѓу пратеничките на овие две држави во делот на правата на жените, жените во политиката и нивната дискриминација, со посебен акцент на функционирањето на Клубот на пратенички.

На средбата од македонска страна учествуваа пратеничките Лолита Ристова, Љатифе Шиковска и Лидија Петковска кои дадоа краток осврт за функционирањето на Клубот на пратенички, на начинот на организацијата на жените во Парламентот, на законските решенија иницирани за подобрување на правата на жените, како и на предизвиците со кои се соочуваат како жени пратенички.

Според Собранието, како резултат на конструктивната дискусија произлезе заклучок во иднина ова размена на искуства да продолжи понатаму се со цел за зајакнување на положбата на жените во политиката. мч/мд/

фото: Собрание на Северна Македонија

Остани поврзан