• понеделник, 23 декември 2024

Винска визија Отворен Балкан и на најголемиот светски саем за вино во Верона

Винска визија Отворен Балкан и на најголемиот светски саем за вино во Верона
Белград, 12 ноември 2022 (МИА) - Вината и винариите од Отворен Балкан, од Северна Македонија, Албанија и Србија ќе бидат претставени на почетокот на април следната година на најголемиот светски саем за вино „Винитали“, кој по 55-ти пат се одржува во Верона, јави дописникот на МИА од Белград. Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж и претседателот на Сојузот на комори на Италија, Андреа Прете, се договорија на оваа најпрестижна светска винска изложба да го претстават регионалниот саем за вино „Винска визија Отворен Балкан“, кој првпат го организаа Србија, Северна Македонија и Албанија во септември годинава во Белград. -По големиот успех на нашиот саем за вино што го организиравме во Белград во септември, на кој присуствуваа повеќе од 350 изложувачи не само од регионот туку и од цела Европа, сега продолжуваме понатаму. Заедно со нашите партнери од Сојузот на комори на Италија, се договоривме нашиот регионален саем на вино да се претстави онаму каде што му е местото - на најголемиот саем на вино во светот „Винитали“, кој ќе се одржи од 2 до 5 април во Верона, изјави Чадеж. Презентацијата на вината од нашиот регион во Верона не е единствениот доказ за успешната организација на „Винска визија Отворен Балкан“. Престижното европско списание „Фалстаф“ кое се занимава со вина и винарство, во декемвриското издание ќе има опширен извештај за саемот за вино што неодамна се одржа во Белград. И ова е уште една можност Европа и светот да се запознаат со вината и винарите од Отворениот Балкан, се наведува во соопштенеито на ПКС. об/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан