• петок, 22 ноември 2024

Вилдерс: Договорена новата холандска десничарска влада

Вилдерс: Договорена новата холандска десничарска влада

Амстердам, 15 мај 2024 (МИА) - Екстремно десничарскиот холандски популист Герт Вилдерс денеска изјави дека е договорена коалициска влада со три други десничарски партии, на речиси шест месеци по одржувањето на парламентарните избори во Холандија, пренесе ДПА.

-Имаме договор, рече Вилдерс денеска во Хаг, додека разговорите за нова владина коалиција во последен момент продолжија пред крајниот рок на полноќ.

Вилдерс, меѓутоа, додаде дека не е договорено ниту едно име за кандидат за премиер.

Партијата за слободата (ПВВ) на контроверзниот политичар извојува чиста победа на изборите во ноември, освојувајќи 37 од 150 места во парламентот, но Вилдерс се покажа неспособен да обезбеди доволно поддршка за да го замени Марк Руте како премиер.

Коалицијата треба да ги вклучи либералната Народна партија за слобода и демократија на Руте, конзервативниот Нов социјален договор (НСЦ) на Питер Омцигт и популистичкото Движење Фармер-Граѓани (БББ).

До попладнево за јавноста не беше достапна содржината на договорот, пренесе ДПА.

Пратеничките групи на новата коалиција до полноќ треба да го дадат своето одобрување за договорот. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан