• понеделник, 23 декември 2024

Викторија Бекам со лекција за цртање веѓи

Викторија Бекам со лекција за цртање веѓи

Лос Анџелес, 28 ноември 2023 (МИА) - Модната дизајнерка и поранешна пејачка, Викторија Бекам, која е пред самиот праг од шестото десетлетие од својот живот, на Инстаграм сподели видео-лекција за шминкање на веѓите, па раскажа и една занимливост за себе. Имено, таа храбро изјави дека нејзиниот сопруг Дејвид Бекам, со кого е „среќно омажена“ 24 години, никогаш не ја видел без средени или совршено исцртани веѓи. 

- Ова е првпат да дозволам некој да ме види без исцртани веѓи. Дури ни мојот сопруг никогаш не ме видел без моите веѓи готови, вели таа.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Викторија е, вели, особено чувствителна околу веѓите. Тоа е потсетник на „старите добри“ 90-ти, кога тенките веѓи беа во мода. Викторија го следеше тој тренд, но по долгогодишното прекумерно кубење, веѓите ѝ останале со проретчени влакна.

- Сакам да видите колку ми се ретки веѓите, колку многу влакна ми недостасуваат. Немам ништо на овие веѓи во мигов, но може да видите колку ми треба да ги наполнам и исправам, додаде поранешната „Спајсица“ во видеото.

Викторија зборуваше и за својата самоувереност.

- Задоволна сум со тоа што сум. Прифаќам како изгледам. Се чувствувам, професионално и лично - навистина успешна на 49 години. Размислувам за тоа - како да се шминкам!, истакна таа.

Таа исто така нагласи дека не би сакала повторно да има 25 години и порача дека жената треба секогаш да го гледа најдоброто во себе.  си/

Фото: Инстаграм

Остани поврзан