• сабота, 04 април 2026

Викендов се игра последното коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Викендов се игра последното коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство


Скопје, 3 април 2026 (МИА) – Завршното, 22. коло, од регуларниот дел на сезоната во кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лига, е на програмата в недела по кое ќе биде познато кои шест екипи ќе се борат за титулата, а кои шест за избегнување на трите позиции кои водат во понизок ранг на натпреварување.
Лидерот на табелата ТФТ му гостува на Тиквеш во Кавадарци, додека на бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром му претстои дуел на гостински терен против Чаир.
Двојки – 22 коло:
5 април, недела.
18.00: Гостивар – Феникс 2010
18.00: Маџари – Ангели
18.00: Работнички – МКК Куманово
18.00: Тиквеш Голден Игл – ТФТ
18.00: Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром
18.00: Кожув – Пелистер.ег
ФОТО: КФСМ

Остани поврзан