• четврток, 18 јули 2024

Викендов почнува летното сметање на времето

Викендов почнува летното сметање на времето
Скопје, 25 март 2022 (МИА) - Од недела почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот. Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимоското сметање на времето. Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ.са/

Остани поврзан