• недела, 22 декември 2024

Виза и Мастеркард ги блокираа картичките на санкциониарните руски банки

Виза и Мастеркард ги блокираа картичките на санкциониарните руски банки
Москва, 1 март 2022 (МИА) - Меѓународните платежни системи Виза и Мастеркард ги блокираа картичките издадени од руски банки и нивните подружници, кои се на списокот со санкции. „Виза веќе почна да ги спроведува релевантните санкции и ги блокираше картичките на овие банки...“ објави на Фејсбук во вторникот поотпретседателката на Виза за ЗНД и Југоисточna Европа Вира Платонова. „Како резултат на наредбите за санкции, блокиравме повеќе финансиски институции од мрежата за плаќање на Мастеркард“ објави денеска извршниот директор на Мастеркард Мајкл Мибах. Двете платежни компании додаваат дека се подготвени да продолжат да постапуваат согласно дополнителните санкции што може да бидат воведени. аа/

Остани поврзан