• среда, 17 јули 2024

Виенската филхармонија откажа неколку концерти поради коронавирусот

Виенската филхармонија откажа неколку концерти поради коронавирусот
Виена, 24 јануари 2022 (МИА) - Виенската филхармонија ги откажа концертите во Германија оваа недела поради зголемениот број случаи на коронавирус во своите редови. Планираните настапи во Келн и Хамбург закажани за денеска и утре нема да се одржат, соопшти познатиот ансамбл. Концертот во Париз, Франција, закажан за 26 јануари, исто така ќе биде откажан, а откажани се и два концерта во Салцбург, Австрија, во неделата на Моцарт - 29 јануари - 2 февруари. Остатокот од турнејата со рускиот диригент Валери Гергиев и рускиот класичен пијанист Денис Мацуев треба да продолжи според планираното во февруари со концерти во Германија и САД. си/ссм/

Остани поврзан