• петок, 23 јануари 2026

(Видео) Позната новинарка Даниела Зизи: Пустец, меѓу уништувањето и заканите од бегалските кампови

(Видео) Позната новинарка Даниела Зизи: Пустец, меѓу уништувањето и заканите од бегалските кампови

Тирана, 23 јануари 2026, (МИА) -Познатата албанска новинарка Даниела Зиси посвети посебна објава на социјалната мрежа Фејсбук за документарниот филм „Македонското малцинство во Пустец, наследство од генерација на генерација“, проект реализиран од Центарот Казус, со поддршка на Агенцијата за поддршка на невладиниот сектор, пренесува весникот на македонски јазик во Албанија, Илинден, под водство на Никола Ѓурѓај. 

Во својата реакција, Зиси го оценува документарецот како важно сведоштво за Пустец и неговите природни, културни и човечки богатства, нагласувајќи дека оваа реалност мора да се види и разбере денес, бидејќи утрешниот ден, според неа, не ветува ништо друго освен уништување и заборав.

Новинарката алармира за загрижувачката состојба во Општина Пустец, каде што живее македонското малцинство, кое, покрај бројните проблеми со кои се соочуваат и другите области во земјата, ја започнува годината со два сериозни случувања кои, според неа, се очекува да донесат сериозни последици.

Прво, таа ја споменува новата територијална поделба, која, според дискусиите меѓу експертите и политичарите, не е во прилог на континуитетот на Пустец како општина.

Второ, Зиси се повикува на Одлуката на Советот на министри, донесена кон крајот на декември минатата година, со која Општина Пустец, една од областите со најголем туристички потенцијал на југоистокот од земјата, се претвора во кампови за прием на бегалци.

„Второто веќе е факт; за првото е потребна силна реакција, за да не дозволиме да се случи“, пишува Даниела Зиси, упатувајќи повик за подигање на свеста и за јавна реакција во одбрана на Општина Пустец и на македонското малцинство што живее таму.

 

Остани поврзан