• петок, 22 ноември 2024

Познат сириски бизнисмен, близок до Асад, убиен при израелски напад

Познат сириски бизнисмен, близок до Асад, убиен при израелски напад

Дамаск, 15 јули 2024 (МИА) - Угледниот сириски бизнисмен Бараа Катерџи, близок до претседателот Башар ал Асад, беше убиен при израелски напад во близина на границата со Либан, јавија западни медиуми.

Освен Катерџи загинал и неговиот придружник, пренесува Франс24. Двајцата биле убиени при напад на нивниот автомобил во сириската гранична зона, прецизира Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

„Израелски дрон го таргетирал автомобилот во кој патувал Катерџи во општина Сабура, недалеку од Дамаск, при што тој и неговиот придружник загинале“, соопшти невладината организација со седиште во Лондон.

Катерџи бил поврзан со Сириската бунтовничка организација за ослободување на Голан, групација создадена од либанската шиитска организација „Хезбулах“, која спроведува операции против Израел од Западна Сирија. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан