• петок, 22 ноември 2024

Вивек Рамасвами се повлече од републиканската трка и ја поддржа кандидатурата на Трамп

Вивек Рамасвами се повлече од републиканската трка и ја поддржа кандидатурата на Трамп

Вашингтон, 16 јануари 2024 (МИА) - Вивек Рамасвами, кој го освои четвртото место на републиканските прелиминарни избори во Ајова, денеска одлучи да се повлече од трката и да го поддржи поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

-Од овој момент, ја прекинуваме кампањата. Нема шанси јас да бидам следниот претседател, им кажа Рамасвами на своите поддржувачи. 

Тој објасни дека од почетокот на кампањата, во која често пати беше обвинуван за поддршка на теории на заговор, ветувал дека ќе го поддржи оној кандидат кој „Америка ќе ја стави на прво место“, пишува Би-Би-Си. 

Рамасвами затоа му се јавил на Трамп, кој синоќа убедливо победи во Ајова, му честитал и му кажал дека ќе го поддржи. 

Тој вети дека нема да исчезне од политичката сцена, дека наскоро ќе се врати во кампањата во Њу Хемпшир и ќе дејствува во име на Трамп. 

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги надмина своите ривали и победи на внатрепартиските републикански избори во американската сојузна држава Ајова, додека гувернерот на Флорида, Рон Десантис, го освои второто место, додека поранешната амбасадорка во ОН, Ники Хејли, се пласираше зад нив.сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан