• понеделник, 23 декември 2024

Вејд: Сите сакаат да го именувам Леброн, но мој омилен соиграч е Хаслем

Вејд: Сите сакаат да го именувам Леброн, но мој омилен соиграч е Хаслем
Мајами, 25 март 2021 (МИА) – Поранешниот кошаркар на Мајами, Двејн Вејд го ​​прогласи својот омилен соиграч во целата своја кариера. Вејд помина неколку заеднички сезони со блискиот пријател Леброн Џејмс, но го избра Јудонис Хаслем. - Не е лесно прашање. Омилен соиграч не е оној што сите го имаат слушнато, ѕвездениот играч. Секако, сите сакаат да го именувам Леброн. Јас и Хаслем дојдовме заедно во Мајами. И цело време додека бев во клубот, цело време што го поминав во други тимови, без разлика дали бев на теренот или не, тој секогаш ме поддржуваше. Меѓу нас започнаа да се воспоставуваат братски односи. Заедно освоивме титули, сторивме сè. Но, сакам да кажам дека не бев загрижен за ништо надвор од теренот во Мајами, бидејќи знаев дека го имам Јудонис Хаслем, рече Вејд. Според него, Леборн Џејмс стори доволно во својата кариера за да ја освои титулата најдобар играч во историјата на НБА, но најголем за него секогаш ќе биде Мајкл Џордан. зс/

Остани поврзан