• петок, 22 ноември 2024

Вејд: Сакав да го напуштам Мајами во 2010 година, но тогаш ми се јави Леброн

Вејд: Сакав да го напуштам Мајами во 2010 година, но тогаш ми се јави Леброн

Мајами, 6 ноември 2024 (МИА) - Двејн Вејд можеше да ги напушти Мајами хит во 2010 година. Според легендарниот кошаркар на Мајами, тој сериозно размислувал за опцијата да се пресели во Чикаго како слободен играч.

- Морам да кажам дека во тој момент сакав да го напуштам Мајами. Не верував дека некој што ќе го добиеме ќе ни помогне да го достигнеме нивото што ни треба. Не дека беа лоши играчи...а сепак не беа доволно добри. Во тоа време сакав да бидам дел од тим кој може да победува. Мислев дека тимот од мојот роден град (Чикаго) е способен да победи. Се враќам дома... Тоа беше моето размислување кога влегов на пазарот за слободни агенти. Но, тогаш ми се јави Леброн...“, изјави Вејд.

Во 2010 година, Хит ги здружи Вејд, Леброн Џејмс и Крис Бош, а тимот двапати ја освои шампионската титула во НБА-лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан