• петок, 20 декември 2024

Ветеринарната комора на РСМ одбележува 30 години постоење

Ветеринарната комора на РСМ одбележува 30 години постоење

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - Ветеринарната комора на РСМ годинава одбележува јубилеј, 30 години од формирањето. По тој повод, од денеска до 20 октомври во Охрид ќе бидат одржани повеќе настани.

Одбележувањето ќе почне попладнево со Свечена академијa на која ќе бидат доделени плакети и благодарници на институции и личности кои имаат дадено значаен придонес во развојот на Комората.

Утре и задутре Комората организира конгрес на тема „Втори Охридски ветеринарно-медицински средби”, со меѓунарoдно учество. Најавени се предавачи од земјава и регионот со тематски излагања од повеќе области на ветеринарната медицина. 

На Конгресот ќе присуствуваат и државни претставници, бројни делегации на ветеринарни комори со кои Комората има потпишано билатерални договори за соработка, како и преставници од европски асоцијации. мч/вг/

фото: Ветеринарна комора на РСМ

 

Остани поврзан