• понеделник, 19 август 2024

Вест Хем планира да го купи Дембеле во јануари

Вест Хем планира да го купи Дембеле во јануари
Лондон, 8 ноември 2020 (МИА) – Премиерлигашот Вест Хем има намера да го купи напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, пренесува „The Sun“. Според лондонскиот весник „чеканите“ треба да му понудат на 24-годишниот Французин 30 милиони фунти во претстојниот зимски преоден рок. Во сезоната 2020/21, Дембеле одигра девет натпревари за Лион и не постигна гол. „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на напаѓачот на 36 милиони фунти. зс/

Остани поврзан