• петок, 19 јули 2024

Вестбрук за играњето за Лејкерс: Добив искуство, но сега за мене тоа е веќе минато

Вестбрук за играњето за Лејкерс: Добив искуство, но сега за мене тоа е веќе минато

Лос Анџелес, 8 април 2023 (МИА) – Плејмејкерот на Клиперс, Расел Вестбрук, изјави дека го оставил своето време со Лејкерси зад себе.

 

- Добив искуство. Но сега за мене тоа е веќе минато. Јас сум на ново место и размислувам за тоа, изјави Вестбрук.

 

Вестбрук им се приклучи на Лејкерс во 2021 година. Во првата сезона со Расел, тимот не се пласираше во плеј-офот, а во текот на тековната сезона Калифорнијците го испратија во Јута, од каде се врати во Лос Анџелес, но како играч на Клиперс. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан