• понеделник, 23 декември 2024

Веспрем прв финалист на Ф4 турнирот во СЕХА лигата

Веспрем прв финалист на Ф4 турнирот во СЕХА лигата
Задар, 4 септември 2020 (МИА) – Екипата на Веспрем ќе се бори за трофејот во деветтото издание на регионалната ракометна Сеха лига. Унгарскиот тим вечерва во првиот меч на завршниот „фајналфор“ турнир којшто се игра во Задар, забележа победа над белоруски Мешков Брест со 28:24. Веспрем до финалето стигна со подобра игра во второто полувреме, откако по првите 30 минути имаше негатив од еден гол (12:13). Македонскиот репрезентативец во редовите на Веспрем, Дејан Манасков постигна три гола од пет обиди, сите во првото полувреме. Во второто полуфинале кое е закажано да почне во 20:30 часот играат македонскиот, европскиот и бранителот на трофејот во СЕХА лигата Вардар и ППД Загреб. зс/

Остани поврзан