• недела, 24 ноември 2024

Весковски: Во Карпош секој е важен

Весковски: Во Карпош секој е важен
Скопје, 28 октомври 2021  Во Карпош СЕКОЈ Е ВАЖЕН Ние ќе се фокусираме на секој индивидуален граѓанин и целни групи на граѓани во нашата општина. Младите се нашата иднина - Отвораме нов Младински центар, Креираме локална младинска стратегија, отвораме Канцеларија за млади, буџет за млади, субвенционираме еколошки превоз за млади, електронски уреди, Карпош ФИТ, стипендии за најдобрите ученици и поддршка на практичната работа, стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски семејства. Деца од предучилишна и училишна возраст - преку обезбедување и одржување здрава средина за раст, развој, отвораме можности за образование во современо опремени училишта и нивна подготовка за продолжување на средното образование според сопствен избор, квалитети и афинитети. Родова еднаквост - доследна примена на државните политики за родова еднаквост и верификација и признавање на квалитетите, заложбите и успесите на жените во Општина Карпош, преку формирање на Совет на жени и поддршка на жените од ризични групи, особено олеснување на секојдневниот живот на самохраните мајки со изготвување и спроведување проекти во соработка со НВО што се занимаваат со оваа проблематика. Лица во социјален ризик и лица со попреченост - обезбедуваме поддршка и помош за овие лица, во соработка со државните институции, Црвениот крст, невладини организации и други засегнати страни. Создаваме услови за Карпош да биде најинклузивната општина во Скопје и пошироко, како и можности за нивна интеграција и социјализација во сите општествени процеси. Пензионерите, ветераните во нашата општина – создаваме Форум на пензионери за редовна комуникација со цел, дел од нивното драгоцено искуство да се примени во креирањето на политиките што ќе ги спроведува Општината. Културни и просветни работници - обезбедуваме постојана финансиска поддршка на наставниците, за обезбедување нагледни материјали и дигитални алатки, за учество на обуки и семинари, за подготвување и поднесување апликации за грантови за реализација на проекти за унапредување на образовниот процес. А за културните работници кои се нашиот прозорец кон светот, креаторите на трајни вредности ќе формираме Општинскиот центар на културата. Претприемачи и бизнис-сектор – мотото кое ја води оваа активност е „Бизнис од Карпош, за Карпош“, обезбедуваме широка платформа за поддршка на претприемачите и бизнис-секторот во Општината и нивно партнерско вклучување во креирањето и спроведувањето на нашите политики. Формираме Деловен развоен центар. Карпош може, Карпош мора да оди напред преку реализација на граѓанскиот концепт, на проевропскиот концепт со нови лица, нова енергија и нови политики. Кандидат за градоначалник на Карпош на коалицијата предводена од СДСМ Душко Весковски ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.

Остани поврзан