• сабота, 06 јули 2024

Вертонген: Сакам да играм во амбициозен клуб

Вертонген: Сакам да играм во амбициозен клуб
Лондон, 23 април 2020 (МИА) - Централниот дефанзивец на Тотенхем, Јан Вертонген, негираше дека одлучил да не потпише нов договор со клубот за да помине како слободен агент во Интер. - Сакам да играм во Европа и да научам поинаков јазик, рече Белгиецот пред една недела. Дефанзивецот полни 33 години во петок, а неговиот договор со „петлите“ истекува на крајот на сезоната, но изгледа дека тој нема да биде продолжен. - Сакам да потпишам со соодветен клуб. Може да биде Тотенхем или кој било друг европски тим. Мора да биде амбициозен клуб. Сакам да играм во Европа, бидејќи репрезентацијата е многу важна за мене, изјави Вертонген за „Плеј Спортс Кот“. Според информациите, Белгиецот сака да замине во тим од Италија или Шпанија. - Можеби звучи чудно, но по кризата предизвикана од коронавирусот ќе има поголем интерес за мене. Бидејќи сум слободен агент и некои клубови може да немаат многу пари, додаде тој.

Остани поврзан