• понеделник, 23 декември 2024

Верстапен ќе носи златната кацига до крајот на сезоната

Верстапен ќе носи златната кацига до крајот на сезоната
Мексико Сити, 29 октомври 2022 (МИА) - Пилотот на тимот на Ред Бул и двократен светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен до крајот на тековната сезона ќе носи златна кацига. На почетокот на октомври, 25-годишниот Холанѓанец ја освои својата втора титула по победата на трката за Големата награда на Јапонија. Тој направи недостижна разлика пред конкурентите за врвот. До крајот на сезоната 2022 остануваат уште три трки: Мексико (30 октомври), Бразил (13 ноември) и Абу Даби (20 ноември). зс/

Остани поврзан