• понеделник, 25 ноември 2024

Верстапен ќе биде казнет со пет места на ГП на Бразил поради промена на моторот

Верстапен ќе биде казнет со пет места на ГП на Бразил поради промена на моторот

Салцбург, 28 октомври 2024 (МИА) - Светскиот шампион со Ред Бул и актуелен лидер во рангирањето на возачите во Формула 1, Макс Верстапен ќе биде казнет со пет места на стартниот грид за Гран при на Бразил следниот викенд, пишува „Екип“.

Казната ќе биде изречена бидејќи неговиот тим треба да го смени моторот на болидот пред трката во Сао Паоло. На погонскиот систем дефинитивно му недостигаше моќ на мексиканското ГП поради многу акумулирани километри.

-Казната ќе биде пет позиции. Не е толку сериозно во Бразил, каде што е релативно лесно да се претекнува, изјави советникот на Ред Бул, Хелмут Марко. дс

Фото: Архива

Остани поврзан