• петок, 28 јуни 2024

Верстапен најбрз на трката за ГН на Австрија

Верстапен најбрз на трката за ГН на Австрија
Виена, 4 јули 2021 (МИА) – Возачот на екипата на Ред Бул, Макс Верстапен победи денеска на трката од Формула 1 за Големата награда на Австрија и со тоа ја зголеми предноста во генералниот пласман на 32 бодови. Верстапен стартуваше од пол-позицијата и беше на чело од почетокот до крајот на трката, освојувајќи, притоа, и дополнителен бод за најбрзо извозен круг. За Верстапен ова е трета последователна победа, вкупно петта сезонава, а 15 во кариерата. Второто место го освои возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, а трет низ целта мина Ландо Норис од Мекларен. Актуелниот светски првак Луис Хамилтон (Мерцедес) го освои четвртото место. Следната трка во рамки на Светското првенство во Формула 1 е на програмата на 18 јули за Големата награда на Велика Британија, на патеката во Силверстон. ег/паг/

Остани поврзан