• четврток, 19 декември 2024

Версајската палата повторно отворена по претходна закана за бомба

Версајската палата повторно отворена по претходна закана за бомба

Париз, 17 октомври 2023 (МИА) - Версајската палата во Франција попладнево повторно ги отвори вратите за посетителите, откако беше затворена неколку часа од безбедносни причини, објави раководството на палатата на социјалната платформа Х.

Францускиот радиодифузер БФМ, повикувајќи се на полициски извори, претходно објави дека на местото на настанот е испратена саперска екипа.

Подоцна локалната полиција во областа Версај соопшти дека полициската акција е завршена и дека е укинат безбедносниот кордон кој претходно беше поставен.

На 14 октомври, еден ден откако беше убиен наставник по француски, заканите за бомба кои се покажаа како лажни, наложија евакуација на музејот Лувр, палатата Версај и париската железничка станица во Лион. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан