• сабота, 27 април 2024

Верижен судар во Унгарија, над 30 лица повредени

Верижен судар во Унгарија, над 30 лица повредени

Скопје, 11 март 2023 (МИА) - Над 40 возила и камиони се судриле во верижен судар во Унгарија, во близина на Будимпешта. Унгариските медиуми јавуваат дека има голем број повредени лица и опожарени возила. 

Несреќата се случила попладнево на околу 25 километри западно од Будмпешта. Според првичните информации што ги објавуваат унгарските медиуми, 20-тина возила се целосно опожарени, а околу 36 луѓе се повредени. На лице место се упатени бројни пожарникари, полицајци и екипи на итната медицинска помош.

Се претпоставува дека причина за сударот е силниот ветар кој носел облаци прашина и ја отежнувал видливоста на автопатот М-1. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан