• петок, 22 ноември 2024

Верешчук: Во двата денешни хуманитарни коридори од Украина евакуирани 1.100 цивили

Верешчук: Во двата денешни хуманитарни коридори од Украина евакуирани 1.100 цивили
Киев, 27 март 2022 (МИА) - Над 1.000 Украинци денеска се евакуирани преку двата договорени хуманитарни коридори, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук. -Евакуацијата е извршена денеска преку двата хуманитарни коридори. Дури 1.100 луѓе се евакуирани, рече Верешчук. Како што таа додаде, станува збор за луѓе кои биле евакуирани од регионите Доњецк и Луганск, пренесе Тасс. Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека руската страна од 10 часот секој ден отвора хуманитарни коридори од Киев, Чернигов, Суми, Харков и Мариупол. сд/

Остани поврзан